СДСМ: Во следниот мандат просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра

Мицкоски да не се крие, да одговори за настаните во Скопје и Тетово
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ преку соопштение утрово највува дека во новиот мандат на СДСМ просечната плата ќе биде над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра. Според нив, ова е достижно и остварливо, со правилните политики кои СДСМ ги води во интерес на граѓаните.


– Тоа и веќе се докажа со рекордно покачување на просечната плата која е 40.000 денари, – велат од СДСМ и додаваат дека СДСМ ги остварува ветувањата на граѓаните, а така и го започна својот прв мандат, со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, која достигна уште поголем износ од 650 евра. – Тука не застануваме, затоа што платите на граѓаните ќе продолжат секојдневно да растат, – се вели во партиското соопштение.

Европски стандард за сите, подобри услови за стопанството, раст на економијата, одговорност за менаџирање со буџетот, со што всушност се овозможува платите на граѓаните секојдневно да растат, е во фокусот на СДСМ и во новата програма, велат од владејачката партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK