СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за парите на граѓаните


СДСМ: Мицкоски е директно одговорен за поскапување на струјата за 100 отсто за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ - МИА

Сокриени внатре во луксузната бела палата, синоним за расипичкото трошење на парите, ВМРО ДПМНЕ е надвор од реалноста и далеку од интересите на граѓаните.


 

ВМРО ДПМНЕ нема лице да зборува за народните пари, се додека во белиот дворец гледаат во раскошот и позлатените уметнички слики за коишто им тропнаа и извршители на врата.

Партија со блокирана сметка, со обвинети поранешни функционери за криминал, која блокира се што е во интерес на граѓаните не може да лаже дека се грижи за граѓаните.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ се потпишуваат на седници, а не влегуваат внатре за да не обезбедат кворум за закони важни за граѓаните, како што е последниот пример со Законот за лекови.

Нивниот заменик министер во преодната Влада, Цветан Труфуновски кој освен опструкции, не сработи ништо друго, побара апанажа која би му се платила со пари од граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ точно знае, но свесно лаже. Владата предводена од СДСМ, не само што не ги зголеми, туку и ги намали платите за вицепремиерите, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои кога беа на власт, дури два пати утврдија зголемување на платите на нивните министри.

Владата предводена од СДСМ ја зголеми минималната плата на 14.934 денари од мизерните 9.000 денари на ВМРО ДПМНЕ кои ги заокружија дури после 10 години владеење, растат просечните плати и просечната исплатена во ноември 2020 изнесува 27 588 денари, истовремено растат и пензиите.

Во време на пандемија Владата предводена од СДСМ успеа да донесе и нови странски инвеститори со што ќе се отворат и нови работни места за граѓаните.

Време е и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ чесно да си ја заработат платата во Собранието и конечно да почнат да одат на работа, на местото на кое ги избрале граѓаните за коешто од државниот буџет им се исплатуваат плати секој месец.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ