СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат



Соопштение на СДСМ за Игор Дурловски - МИА

Скопје, 9 август 2020 () – СДСМ денеска преку соопштение информира дека ги продолжува разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. Посветени сме за просперитет и долгорочна стабилност на Северна Македонија, велат од партијата, и додаваат дека е јасно оти државата нема друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија.

-Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за  почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.
Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротивставиме на сите форми на национализам и омраза. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од партијата.

Од СДСМ велат дека се неопходни квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои, како што потенцираат, се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор.

-Партиите се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен, се наведува во соопштението и се додава дека разговорите за ново парламентарно мнозинство продолжуваат, заради тоа што е потребно стабилно мнозниство во Собранието кое ќе обезбеди формирање нова одговорна Влада.

 


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Регистрирани 141 случај со Ковид-19, еден починат, 94 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 случај со Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, […]

Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*