СДСМ: Ова ВМРО-ДПМНЕ на чело со извршителот Мицкоски е столб на криминалот и режимот на Никола Груевски и Орце Камчев


СДСМ: Мицкоски е директно одговорен за поскапување на струјата за 100 отсто за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ - МИА

Скопје, 21 септември 2020

Откако Христијан Мицкоски и трет пат изгуби на изборите, бегалецот Никола Груевски му скрои нов Извршен комитет во обид да го зачува на позицијата и да му ја спаси фотелјата во белиот дворец.

Секоја демократска партија е нормално да одржи Конгрес после избори, само Мицкоски се плаши од сопствените членови, како и од граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски нема капацитет да се реформира.

Последен доказ за тоа се таканаречените големи промени во раководството на оваа партија во кое се наоѓаат стари, потрошени кадри, послушници и извршители на Никола Груевски.

За нови лица Мицкоски ги нуди Антонио Милошоски против кого се водат предмети и човек кој се криеше од судски доставувачи; Рашела Мизрахи која од позиција на министерка го кршеше Уставот и законите; Гордана Димитриевска Кочовска која блокираше средства од Светска банка за помош на здравството; Марија Андоновска за која цела јавност слушна како Гордана Јанкуловска лобирала да се вработи во Фонд за здравствено осигурување.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски не е мрднато ниту милиметар од деструктивната, антидржавна и антинародна матрица. Граѓаните тоа го гледаат и затоа губат на три изборни циклуси и затоа уште долго ќе бидат опозиција.

СДСМ


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

1 Comment

  1. По напишаниот текст на фашистичката парија СДСево и некој одговри
    1- зошто НИКОЛА ГРУЈОСКИ е бегалец, и од кого избега од фашистичките убијци
    2-И ТВОЈАТА ДУЕ не вредеше 5 пари па и ја поклони МАКЕДОНИЈАпак фашистичка флоскула на сдс
    3-Дали господинот НИКОЛА ГРУЈОСКИ беше пронајден во спалната на ЗАЕВ што има толкава омраза против него и цела МАКЕДОНИЈА
    4-И предпоследната реченица каде ги споменувате имињата на Милошески, Мизрахин,Кочовска , Андоновска и за вас се ноќна мора и криво ви е затоа што неате и никогаш нема да имате во вашата ФАШИСТИЧКА п
    артија вакви експерти и луѓе кои си ја сакаат својата држава МАКЕДОНИЈА.
    5 Ипоследната ваша реченица е измислена од некој од БАРДОВЦИ кој незнае каде живее дали во МАКЕДОНИЈА или во Грција -бугарија-албанија? сигурно не во МАКЕДОНИЈА ЗАРЕМ ова што го правите вие фашисти е ДРЖАВНИЧКИ , покрадовте све што е МАКЕДОНСКО продадовте и име и презиме и историја направивте креминален МУРТИНСКИ клан со железни опинци, па затоа МИЦКО губел на избори , не губи ниту едни избори вие ФАШИСТИ со народни пари ја подкупивте цела сиромаштија која ја направивте лично вие ,фашистичко бандо !
    И НА КРАЈОТ МОЕ МИСЛЕЊЕ Е АКО ИМАТЕ МАЛЦЕ ДОБЛЕСТ НЕТРЕБА ДА СЕ МЕШАТЕ ВО СТРУКТУРИТЕ НА ВМРО ,ПОДОБРО БИ БИЛО ДА СЕ ОЧОВЕЧИТЕ И ДА ПРЕСТАНИТЕ ДА КРАДЕТЕ И РАСПРОДАВАТЕ И ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ КАКО ФАШИСТИЧКИ МАФИЈОЗИ

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*