СДСМ: Иванов работи на директна штета на државата, за македонската иднина ќе одлучат граѓаните


СДСМ: Иванов работи на директна штета на државата, за македонската иднина ќе одлучат граѓаните


 

Скопје, 26 јуни 2018 

Ѓорѓе Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина.

Во клучниот период кога земјава е пред шанса за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и пред шанса за добивање покана за влез во НАТО, Иванов продолжува со деструктивните политики со што нанесува штета на државата и граѓаните.

Нема поголемо дело против државата и граѓаните од погрешното, деструктивно однесување на Иванов денеска но и во изминатите години, кој освен одбрана на криминали, заштита на насилници не направи ништо за Република Македонија и нејзините граѓани.

Иванов не смее да ја кочи македонската иднина.

Постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција е патриотски чин, го заштитува и зацврстува македонскиот идентитет и обезбедува полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

За иднината нема да одлучува деструктивниот Иванов, туку сите граѓани.

На референдум, граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја и ќе одлучат за македонската иднина. Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина!

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА