СДСМ: Институциите ќе спроведат попис од кој ќе се приберат точни и квалитетни податоци


17 јануари 2021



соопштение

Мицкоски да не се плаши од пописот, при таква статистичка операција нема губитници

Оваа пролет, институциите ќе спроведат попис од кој ќе се приберат точни и квалитетни податоци, потребни за носење издржани среднорочни и долгорочни политики и стратегии.

Законот за попис на населението кој е во собраниска процедура гарантира попис по сите светски стандарди и по сите прописи на Евростат, а обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја спречат оваа статистичка операција се злонамерни и деструктивни.

Државата, 19 години е без попис, токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, која не успеа да спроведе попис во 2011 година.

Разбирливо е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по шест изборни порази, имаат страв од граѓаните, но не треба да се плашат, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција, во која нема губитници и победници.

Доста се неразумни блокади, кочења, поларизација, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да спречат одржување на попис.

Центар за комуникации СДСМ