СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ поставија услови за продолжување на дијалогот за уставните измени, ДУИ потврди дека е подготвена да ја напушти Владата

vmro sdsm dui
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ е подготвен да го продолжи дијалогот за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ, но бара најголемата опозициска партија да се изјасни дали останува на ставовите изнесени на средбата на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски одржана во средата. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ пред понатамошни преговори, бара СДСМ да се изјасни кој од двата нивни предлози изнесени на лидерската средба е прифатлив за социјалдемократите. ДУИ, пак, синоќа по седницата на Централното претседателство соопшти дека ги прифаќа предусловите упатени кон неа со цел да бидат усвоени уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата и ќе поддржи Влада без нејзино учество на денот кога ќе стапат во сила промените на Уставот.

Премиерот и лидер на СДСМ вчера изјави дека работните групи за продолжување на разговорите за уставните измени, чие формирање беше најавено по петочната седница на партискиот Централен одбор, се вистинскиот формат во кој треба да продолжи договарањето на сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачевски, секој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ има свои специфики што треба да се имплементираат и таа имплементација секако дека влијае на европската интеграција на државата.


Посочувајќи дека по нивната средба во средата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се „обврза да учествува во процесот на носење на потребните одлуки за европска интеграција на државата“, Ковачевски го повика да се изјасни дали останува на преземените обврски.

– Сметам дека доколку тој решил да се повлече од се она што го кажа на прес-конференцијата, а тоа е дека прифаќа уставни измени, прифаќа впишување во Преамбулата на Уставот на државата на делови од други народи, вклучително и на делови од бугарскиот народ, дека прифаќа да биде дел од Владата заедно со СДСМ и другите коалициони партнери, тогаш треба тоа да го каже на официјална средба, рече Ковачевски.

Премерот нагласи дека јавно искажаниот став на Мицкоски и преземената обврска ја споделил не само со Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, туку и со нашите меѓународни партнери, додавајќи дека барањата што ги постави ВМРО-ДПМНЕ биле практично прифатени од сите политички субјекти во државата.

Ковачевски потенцира дека е лошо доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се повлече од преземената обврска и од посветеноста на завршување на процесот на уставни измени, како што било договорено на нивната средба.

– Сметам дека треба да размислат уште малку затоа што, јас верувам, им дојде шок на ВМРО-ДПМНЕ. Знаете, после една година кога правите протести, кога велите дека сте браникот, кога велите дека никогаш нема да прифатите уставни промени и одеднаш на прес-конференција вашиот претседател ќе каже „да, уставни измени се прифатливи“, изјави Ковачевски додавајќи оти смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да остане во процесот и да даде одговор дали останува посветена на преземените обврски.

Воспоставениот дијалог со опозицијата е во исклучително важен момент за европската иднина на земјата.  Чекорот што го направи Христијан Мицкоски со прифаќањето на уставите измени е за поздрав

Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски вчера на прес-конференција оцени дека воспоставениот дијалог со опозицијата е во исклучително важен момент за европската иднина на земјата.

– Чекорот што го направи Христијан Мицкоски со прифаќањето на уставите измени е за поздравување. Сето ова создаде добра основа за продолжување на дијалогот со ДПМНЕ, но и со сите релевантни политички партии застапени во македонското Собрание. Сега може да разговараме како заеднички да ги изведеме уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат, нагласи Каевески, додавцајќи дека што поскоро уставните измени влезат во Собранието тоа подобро.

Според него, сега е моментот сите политички партии заедно да ја обезбедат европската иднина на државата и целиот рок на преговарање да заврши успешно со цел веќе до 2030 година да станеме полноправна земја членка на ЕУ.

Но, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вчера порачаа дека формирањето на работни групи за преговори би имало смисла, само доколу СДСМ каже кој од двата нивни предлози е прифатлив за социјалдемократите.

За работните групи кои што СДС ги формира да имаат смисла, партијата мора да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни преговори и

– Првиот предлог кој го даде претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски е преодна влада без ДУИ, излегување на ДУИ од сите ешалони и уставни измени кои би стапиле во сила само на денот на членството на Македонија во ЕУ… Вториот предлог, кој што го даде ВМРО-ДПМНЕ, е предвремени избори оваа есен кои би се одржале во септември или октомври, при што се дадени три датуми за кои што СДС би требало да размислат, потоа да се обезбедат гаранции од европските институции за заштита на националните интереси на Македонија, со тоа што ќе се гарантира многувековниот идентитет, но истовремено ќе се дадат и осигурувања дека државата повторно нема да ги има секоја година ирационалните блокади од Бугарија, рече Милошоски.

Тој додаде и дека „сите спинови околу уставните измени и нивно прифаќање под бугарски диктат се невистинити“, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ напоменува, како што рече, дека во овие околности вакво диктирање на уставни измени нема да поминат.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, пак, синоќа по седницата на партиското Централното претседателство во Мала Речица, изјави дека партијата ги прифаќа предусловите кои се упатени кон неа со цел да има промени во Уставот и почеток на преговорите за членство во Европската унија.

– Повикувајќи се на консензуалната потреба на луѓето, без разлика на припадноста, за подобар животен стандард, за можност за задржување на луѓето овде, за брза лента за членство во ЕУ наредните години, Централното претседателство ја реафирмираше консензуално и одлучно првичната одлука којашто ја претставивме веднаш после лидерската средба – дека ДУИ е спремна истиот ден кога ќе стапат во сила уставните измени да ја напушти Владата, доколку е тоа предуслов опозицијата да ги поддржи уставните измени, истакна Османи.

Централното претседателство на ДУИ го заврши својот состанок во партиското седиште во Мала Речица, а партијата информираше дека се прифаќаат предусловите кои се упатени кон нив со цел да има

Тој нагласи дека нема поважно прашање од европската иднина на државата и на граѓаните.

– Имаме историска шанса којашто доколку ја пропуштиме нема да ја имаме сигурно во наредните 10-20 години. Затоа ДУИ проценувајќи го овој моментум врз основа на кредибилни информации коишто и јас ги претставив на седницата на ЦП и тоа што Али Ахмети го образложи, донесе одлука да поддржи една таква одлука во којашто ДУИ ќе поддржи Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени, посочи Османи.

Централниот одбор на СДСМ во петокот донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени, која ќе ја предводи партискиот генерален секретар, Миле Зечевиќ Вардарски.

Ваквата одлука следеше по лидерската средба во средата, на која Мицковски ги претстави условите под кои ВМРО-ДПМНЕ би ги поддржала уставните измени, чие усвојување се услов за одржување на втората Меѓувладина конференција на земјава со ЕУ по завшување на скрининг процесот, која официјално ќе го означи почетокот на преговорите со Унијата по кластери и поглавја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK