СДСМ: ДПМНЕ да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени

sdsm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка за уставните измени, ако навистина се грижат за интересите на државата и за европската агенда.


Исполнети се сите услови што самиот Мицкоски ги постави за ДПМНЕ да поддржи уставни измени.

Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.

Се што треба да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени.

Со измените на Уставот се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, но истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ и се става крај на тезата „еден народ две држави“ која со децении ја промовираат одредени туѓи центри.

Мицкоски има шанса макар еднаш да се престрои на страна на државните и национални интереси.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK