СДСМ цели 10 месеци е на власт, а се однесува како да е опозиција.


СДСМ својата неспособност да ги решава проблемите на граѓаните и да создаде економски раст веќе 10 месеци се обидува да ја прикрие со обвинувања против ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ цели 10 месеци е на власт, а се однесува како да е опозиција.

Манипулациите и обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ не можат да го прикријат фактот дека владата на СДСМ ја закотви македонската економија убедливо на европското дно со 0% економски раст.

СДСМ не може да избега ниту од фактот дека има реализирано само 4% од планираните капитални инвестиции, ниту од тоа што само во 2018 година секое македонско семејство го задолжи за 1.200 евра.

СДСМ дупката која ја создава во буџетот на државата се реши да ја пополни со дополнителни давачки на граѓаните.

Воведувањето на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18% е на штета на граѓаните и на државата.

СДСМ со својата погубна политика директно удира по џебот на младите и им дава мотив да размислуваат да ја напуштат државата. Наместо да ги стимулира да младите да останат во државата СДСМ ги стимулира да ја напуштат.

СДСМ со оваа мерка само ќе ја зголеми невработеноста, ќе ја зголеми даночната евазија и дозволува многу субјекти немајќи излез да се префрлат на полето на сивата економија.

Граѓаните не заслужуваат ваква влада која не е способна да креира услови за раст и развој. Граѓаните заслужуваат подобро и затоа колку побрзо си замине оваа власт толку побрзо ќе се врати економскиот напредок на државата.


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]