САД го честитаа празникот Илинден



САД го честитаа празникот Илинден - МИА

Вашингтон, 3 август 2020 () – САД ја честитаа 117 годишнината од празникот Илинден на Северна Македонија со Твитер порака испратена од Амбасадата во Скопје. 

-Му се приклучив на претседателот Пендаровски да се одбележи основањето на модерната македонска држава, напиша синоќа амбасадорката Кејт Мари Брнз

Од Белата куќа не дојде официјална честитка по повод најважниот македонски празник, од каде на новинарско прашање упатија на Стејт департментот, во чие име пренесе амбасадорката Брнз.  

Од високите американски официјани лица, само Џо Бајден, поранешен потпретседател, синоќа испрати до нашата земја срдечна честитка по повод празникот. 

На локално ниво, републиканскиот градоначалник на Кајахога Фолс во Охајо, Дон Валтерс, го честиташе Илинден на македонската заедница од овој град.

-Додека нашите македонско-американски пријатели го прославуваат овој важен празник, и во име на сите граѓани, испраќаме добра волја и пријателство до заедницата, додека ја признаваме вредноста која што македонските Американци ја донесоа во овој град и држава, изјави тој. 

 

 

 

 


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*