Советот за безбедност денеска ќе одлучува за вонредната состојба


(РЕТРО) Советот за безбедност денеска ќе одлучува за вонредната состојба - МИА

Скопје, 30 мај 2020 () – Советот за безбедност денеска напладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Денеска е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на јавниот сервис, Фејсбук и Јутјуб каналот на претседателот.

Премиерот Спасовски во четвртокот изјави дека се прават проценки дали ќе биде побарана нова вонредна состојба, но нагласува дека по нејзиното завршување, според Уставот и законите, треба да продолжат изборните дејствија кои беа прекинати поради пандемијата, и во рок од 22 дена да се одржата парламентарните избори.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост. нд/

 


Сто деведесет и девет новозаболени од Ковид-19, 120 оздравени и осум починати - МИА
Вести

Сто деведесет и девет новозаболени од Ковид-19, 120 оздравени и осум починати

Скопје, 11 јули 2020 () – Сто деведесет и девет нови случаи на заболени се регистрирани изминатите 24 часа, од кои најголемиот број се во Скопје – 90. Оздравени се 120 лица, а од болеста […]

Симулација на безбедно гласање со примена на сите здравствени мерки и препораки во пресрет на изборите на 15 јули - МИА
Вести

В понеделник ќе гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, а во вторник 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Скопје, 11 јули 2020 () – Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе в понеделник на 13 јули во рамки на […]

На Кипар нема нов случаи на Ковид-19, вo Грција 19 - МИА
Вести

Ковид-19 зема замав, рекорден број новозаболени и оздравени во државава

Скопје, 11 јули 2020 () – Највисок број новозаразени со коронавирусот регистрираше вчера Институтот за јавно здравје. Со новоевидентираните 205 случаи од кои повторно најмногу има во Скопје, вкупниот број новозаболени од почетокот на епидемијата, […]