Реформите на УБК пред собраниска комисија, во анализата македонскиот модел наречен хибриден

Самостојна разузнавачка служба и нецелосно самостојна внатрешна служба во состав на Министерството за внатрешни работи, две одделни национални служби, едната самостојна безбедносна контраразузнавачка и една самостојна разузнавачка со надлежност надвор од границите  и една нацинално безбедносно-разузнавачка служба надлежна и за разузнавање и за контраразузнавање, се трите модели за реформирање на безбедносно-разузнавачкиот систем на Република Македонија, што се содржани во компаративната анализа и свот анализата, кои денеска беа презентирани пред членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Компаративната анализа е изработена врз основа на анализа на закони на безбедносно разузнавачките служби, споделени добри практики од партнерски служби и сознанија добиени од отворени извори, од академски студии и публикации за работењето на 30 разузнавачко-безбедносни служби во 20 европски држави. Со свот анализата беа презентирани предносите и недостатоците на трите понудели модели.

Истражувањето е изработено од подгрупа во рамки на интересорската група назначена од Владата, која работи на реформите на безбедносно-разузнавачкиот систем, а денеска пред пратениците нејзината претставничка Даниела Ѓоршоска ги презентираше податоците во документот, во кој македонскиот модел – УБК во рамки на МВР е наречен хибриден, бидејќи од сите 30 земји е регистриран само тука.

Предности на моделот кој постои во Македонија се користењето на инфраструктурата на МВР и на службите за поддршка, но недостатоците се побројни.

– Како недостатоци се наведени непостоење на посебен закон, моделот не соодветствува со модерните европски служби, ограничена  е самостојноста во рамки на МВР, финансиска несамостојност, во голема мера постои преклопување на надлежностите, влијание на менаџирањето на човечките ресеруси, нетранспарентност, полициски овластувања, застарени модели на работа, нагласи таа.

Предности на вториот модел, според кој УБК излегува од МВР и станува самостоен орган, се законско регулиурање на надлежностите, самостојно носење одлуки за систематизацијата на работните месата, самостојност во менаџирањето на човечките  ресурси, целосна применливост на разузнавачкиот циклус, креирање на политика на транспаретност и доверба во јавноста, превентивно дејствување без можност за злоупотреба на полициските оволастувања. Како недостаток, Ѓоршоска ја наведе можноста за воспоставување повторна соработка со други органи на државната управа. Ваков модел е регистриран во 11 држави, кои биле предмет на анализата.

Како предности на третиот модел таа ги издвои концентирањето на инмформаци во еден центар и можност за компаративна анализа на предизвиците и заканите, еден буџет и инфраструктура, но, како што рече, недостатоци се концентрацијата на моќ, можност за губење на разузнавачката компонента, монопол врз информации, политички влијанија, неможност за двојна проверка на информациите. Овој модел е забележан во девет држави.

Најголем процент од анализираните безбедносно-разузнавачки служби за својата работа одговараат пред Владата, односно премиерот, но има и такви кои се одговорни пред МВР, претседателот на државата, пред независни совети, пред Министерството за одбрана и Министерството за правда.

Во однос на надлежносите во мнозинството служби (28) е регистрирана борбата против тероризмот, а потоа се пролиферацијата, заштита на економската безбедност, екстремизмот, контраразузнавање, организираниот криминал. – Во однос на овластувањата со кои располагаат тие се однесуваат строго на можноста за прибирање само на разузнавачки податоци, но не е исклучена можноста и на прибирање на судски доказаи за кривично-правно процесуирање, нагласи Ѓоршоска.

Начинот на кој се регрутира кадарот во овие служби е од особено значење во процесот на реформирање на безбедно-разузнавачките служби, со оглед на злоупотреувањата кои изминатите години ги имаше кај нас во овој сектор.

– Дозволен пристап за класифицирани информации во 26 служби е регистиран пред вработувањето, што не е случај во нашата држава. Задолжителна е и  безбедносната проверка дека не постои безбедносен ризик за вработување и тоа го има во 28 служби, а интересно, но не и апликативно за нас во моментов е што во осум европски служби има забрана за поседување двојно државјанство, рече Ѓоршоска.

Како посебни услови за вработување во некои од службите е забрана за членување во политичка партија, во синдикални здруженија, учество во управни и надзорни тела  на трговски друштва и забрана за основање приватна дејност.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќање на седницата на Комисијата истакна дека една од забелешките на Прибе за затекнатата состојба во овој сектор беше дека состојбата е резултат на непочитување на професионалната етика, основните принципи на ризично управување и недостаток на познавање на чувствителноста на разузнавачите задачи во рамките на УБК.

– Беа дадени и забелешки за начинот на вработување и селекција во службата, како и недостатиг од изграден систем на постојана обука и усовршување на кадарот во Управата. И токму овие забелешки ги даваат насоките во кои треба да се движи и спроведе реформата на управата. Реформата на УБК не треба и не смее да се сведе само на нови законски решенија. Мора да постои долгорочна стратегија за тоа како да се реформира, но и како во иднина да се развива Управата, истакна Спасовски.

Во однос на надзорот и контролата, која има цел да се оневозможи злоупотребата на овие служби во анализата е констарирано дека не постои единствен модел, кој би бил соодветен и апликативен за сите земји.

Парламентарна контрола е регистрана во сите служби, владината контрола во помал процент, има контрола од постоечки судски тела, од специфични правни тела, специјално административно тело.

– Во случајот на СОА во Хрватска забележана е парламентарна, експертска и цивилна контрола., Цивилната контрола е случај само во оваа држава и во оваа служба, рече Ѓоршоска.

За пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ најприфатлив е вториот модел, според кој УБК ќе се одвои од МВР и ќе функционира како посебен орган.

Нагласи дека кога веќе зборуваме за реформи, треба тие вистински да се спроведат. За првиот модел вели не е никаква реформа, бидејќи станува збор за постоечкиот, додека за третиот нагласи дека според него не е најповолен за нашата држава.

– Третиот модел ќе се обидат малку сликовито да го појаснам. Мене ми лични како да пробуваме Кошаркаската федерација на Македонија и Фудбалската федрација на Македонија да ги споиме во една федерација за спорт бидејќи и двете федерации играат со топка, рече тој и нагласи оти смета дека третиот модел не е поволен за македонското општество.

Додаде дека на земјава и е потребно координативно тело, кое ќе ги обедини сите безбедносно-разузнавачки агенции, што како што нагласи ќе биде всушност најголемата реформа во оваа сфера.

Согласно акцискиот план МВР до 15 ноември треба да ѝ предложи на Владата еден од трите модели и потоа изборот ќе подлежи на анализа преку акциски план на легислативата и на сите други подзаконски акти.

Вести

В петок нов обид за договор за иднината на СЈО, опозицијата подготвува амандмани

Работните групи на власта и опозицијата в петок треба повторно да се состанат во нов обид да се постигне согласност околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. […]

Балкан

Изрекување пресуда за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) денеска, по три години жалбена постапка, ќе ја изрече второстепената пресуда за  поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. Изрекувањето на правосилната пресуда, […]

Вести

ЕПП ќе разгледува исклучување или суспензија на партијата на Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе отпатува за Брисел каде ќе присуствува на состанокот на Европската народна партија (ЕПП), на кој ќе се расправа дали неговата партија Фидес ќе биде исклучена или суспендирана од тој […]

Вести

Нови рочишта за „Маџар телеком“, „Тарифа“ и „Топлик“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Маџар телеком“, „Тарифа“ и „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а од неодамна случајот го презеде […]

Вести

Судот одреди мерка куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Судот му одреди мерка куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од […]

Вести

Нови називи добија МИА, ЕЛЕМ и Македонски пошти

На денешната владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој нови називи добија МИА, ЕЛЕМ и Македонска пошта. Како […]

Интересно

Решена мистерија стара 130 години: Докажано кој бил Џек Мевосек

Еден од најнеславните убијци во британската историја, Џек Мевосек убивал пред скоро век и половина, и неговиот идентитет е една од најдолго нерешените мистерии во светската криминалистика. – Денешната методологија на ДНК анализа и примерок […]

Интересно

(ВИДЕО) Холандскиот претставник најголем фаворит на Евровизија

До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Песната на […]

Интересно

Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат. Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*