Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Оливер Спасовски


ВМРО-ДПМНЕ: Мислењата на Венецијанската комисија за СДСМ важат во зависност од тоа како ним им одговара - МИА

Скопје, 28 јуни 2020


 

Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ ништо не сработија во овие три години. Наместо да спроведат тоа што го ветуваа во 2016 година, тие создадоа систем на криминал, корупција и рекет. Нивните ветувања од 2016 година не ги реализираа, а сега веќе смислија нови манипулации.

Видовме дека парите наместо кај граѓаните завршија кај Вице и Зоран Заеви во форма на изрекетирани торби полни со милиони евра. Бидејќи не ги бива за работа, веруваме дека можат повеќе само да изрекетираат и да ја осиромашат Македонија.

Ова нема да помине народот виде дека ветувањето на Заев, Спасовски и СДСМ е само лага запишана на хартија.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ