Реакција на СПМ на прес-конференцијата на СДСМ и обвинувањата за Цветков

spm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Социјалистичка партија на Македонија најостро реагира на денешната прес- конференција на СДС исполнета со лажни обвинувања, малициозност и тенденциозност.

Запрепастува фактот, што и покрај 7 години поминати во МЗШВ, исполнети во промени на работни позиции од шеф на кабинет, преку заменик министер, па министер и сега државен советник, Трајан Димковски не ја познава процедурата за работење на министерството.


За да биде јавноста целосно информирана, а и како дополнителна едукација за кадрите на СДС напоменуваме дека при проекти на ИПА, корисник е државата, односно соодветните министерства, од една страна, а од друга Министерството за финансии.

За потребите на МЗШВ во 2015 год. набавен е софтвер каде што потписник е ЦФСД (Централно финансирање и склучување на договори) при МФ. Комисија во мешовит состав го избира најповолниот понудувач, а контрола на целокупната постапка врши Делегацијата на ЕУ.

Откако е изработен софтверот истиот како готов производ е даден во МЗШВ, при што е заклучено дека софтверот е неупотреблив за првилнатата намена за која требало да биде изработен.

Токму тоа го констатира и ОЛАФ.

Меѓутоа СДС го премолчува суштинскиот факт за исплатата на средствата која е извршена во 2018 година.

Затоа се поставува прашањето, како е извршена исплата од раководството на МЗШВ во 2018 за неупотреблив софтвер? Тоа значи дека финансиските средства ги исплатил Љупчо Николовски, министер на СДС.

Тогаш каде е вината на ресорниот министер за земјоделство во 2015 год. кого во повеќе наврати го споменувате на прес конференциите?

Дали се обративте до делегацијата на ЕУ, како контролор на процесот?

Кое било влијанието при избор на најповолниот понудувач за сега да го посочувате тогашното раководство како криминогено кога вие самите сте потинати во корупција и криминал од невидени димензии?
Соочени сте со сериозен криминал!
Вие тоа го знаете, а ОЛАФ во моментот го користите како параван за прикривање на вашите злодела.

Социјалистичката партија на Македонија уште еднаш ги повикува институциите да го истражат овој, но и преостанатите 3 случаи за кои е вршена истрага во 2022 година.
Социјалистичката партија на Македонија ги уверува граѓаните дека одговорност ќе има и од тоа нема да се отстапи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK