Реакција на СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

sdsm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово, ДПМНЕ нека си ги побара од Христијан Мицкоски.

Токму Христијан Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори. Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово.


Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно.

Како партијата наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата.

ДПМНЕ само сака да го пљачкаат народот, како што тоа го правеа цели 11 години, кога заради богатење на функционерите од Белата палата, спроведоа грабеж и цел културен инженеринг.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK