Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ


СДСМ смета дека митинзи за време на кампањата не треба да има и нема да организира таков тип собири - МИА

Скопје, 1 август 2020 

После сите штети што ги нанесе врз енергетскиот систем, преку расипничките и криминални проекти, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за енергетиката.

Додека ВМРО-ДПМНЕ владееше, а Мицкоски му беше советник за енергетика на Груевски, цената на електричната енергија порасна за 100 отсто, евтината тарифа на струјата беше укината, а државата беше зависна од увоз на скапа струја.

За разлика од нив, СДСМ во изминатите 3 години направи сериозни реформи во енергетиката. Се покажа дека реформскиот процес во енергетиката за заштита на потрошувачите, транзицијата на замена на јаглен со сонце- на обновливите извори на енергија и правото на избор се единствениот вистински пат кој гарантира отпорност на енергетскиот сектор и во вакви нови околности.

Одлуката за корекцијата на цената на струјата е донесена од страна на независно, професионално тело, Регулаторната комисија за енергетика, за да се задржи функционалноста на енергетскиот систем во вакви вонредни состојби предизвикани од последиците на коронакрозата.

За да се заштитат граѓаните, евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали исто како и до сега. Преку евтината тарифа 15 милиони евра годишно остануваат кај граѓаните, а најголем дел од нив се социјално ранливите групи, пензионерите и невработените лица кои најмногу ја користат оваа мерка.

Со корекцијата на цената, Република Северна Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа.

Лажна и лицемерна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија ќе остане запаметена по руинирањето на енергетскиот систем, единствено заради лични и бизнис интереси на поединци.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*