Реакција на Министерството за здравство на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ


Препораки за справување со коронавирусот за лицата со дијабетес - МИА

Скопје, 5 јуни 2020

Министерството за здравство најостро ги демантира дезинформациите изнесени на прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со наводно прикривање на 20тина случаи на заболени од ковид-19 од страна на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. Во врска со изнесените невистини, Mинистерството за здравство го истакнува следново:

1) Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, на ден 02.06.2020 година е регистриран 1 позитивен случај на коронавирус во градот Штип.

Во прилог испраќаме линк за точно информирање на јавноста од дневната статистика за 02.06.2020 година што ја води Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/sostojba-so-covid19-za-162020/.

Исто така, не е точна ни информацијата дека директорот на Клиничката болница во Штип, д-р Ален Ѓеорѓиев изјавил дека се регистирирани 14 нови случаи.

Бројката на хоспитализирани пациенти во болницата на0 2.06 е 14, а тоа е точно наведено во дневното соопштение на Министерството за здравство испратено до медиумите и објавено на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-76-novi-sluchai-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-2391-ozdraveni-se-26-pacienti-pochina-1-lice-2/

Министерот Филипче, од првиот дијагностициран случај на ковид-19 во земјава известува точно, навремено и транспарентно. Поради тоа, не се точни обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на статистиката со новозаразени.

2) Имено, на 02.06.2020 година, министерот Филипче на прес-конференција потенцираше дека се до почеток на прес-конференцијата се уште не се стигнати бројките од една приватна лабораторија. Подолу транскрипт од неговата изјава на прес конференцијата на споменатиот датум:

„Во однос на дневната статистика, се до почеток на прес-конференцијата сѐ уште не беа стигнати бројките од една приватна лабораторија. Во однос на тоа, дозволете да кажам дека би било добро сите да ги чекаме официјалните бројки и да нема шпекулации.“

По добивањето на бројките од приватната лабораторија, Министерството за здравство во 18:41 часот преку соопштение информираше за деталната анализа која ја најави и министерот Филипче на прес-конференцијата.

3) Во врска со Велес, вчера, Министерството за здравство во соопштението за дневна статистика испратено до медиумите информираше дека по завршување на епидемиолошките анкети 2 лица од претходниот ден регистрирани во Скопје се од Велес. Во прилог линк до соопштението: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-120-novi-sluchai-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-2611-ozdraveni-se-16-pacienti-pochinati-se-2-lica/

Потенцираме дека во ниту еден случај министерот Филипче и Министерството за здравство не се обиделе да прикријат податоци и уште еднаш потсетуваме дека од првиот регистриран случај па досега, министерот Филипче и Министерството за здравство ја информираат точно и навремено јавноста до секој детал.

Министерството за здравство апелира да престанат да се изнесуваат неточни информации во време на вонредна состојба со коронавирус за собирање на дневно политички поени.

Стоиме на располагање и отворени сме за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на јавноста.

Одделение за односи со јавностаМинистерство за здравство

__________________________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]