Работна посета на Министерот за надворешни работи на Република Полска Јацек Чапутович

Вчера, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

Работната посета започна со Седмата средба на полско – македонската соработка во евроинтегративниот процес, т.н. „Скопска конференција“ на државни службеници од Република Македонија и Република Полска. Конференцијата се организира еднаш годишно од страна на  Министерствата за надворешни работи на двете земји на која се споделуваат полските искуства од пристапниот процес, особено при преговорите по поглавјата од европското законодавство. Министрите Димитров и Чапутович на отворањето на Конференцијата изразија задоволство од континуираната и плодна соработка меѓу двете администрации на полето на европските интеграции. Претставниците од Република Полска и учесниците од Република Македонија разменија практични искуства од хармонизацијата и имплементацијата на европското законодавство, стандарди и практики во неколку тематски области: претпријатија и индустриска политика, (поглавје 20 од правото на ЕУ), правосудство и фундаментални права (поглавје 23 од правото на ЕУ) и правда, слобода и безбедност (поглавје 23 од правото на ЕУ). Споделената полска експертиза, научени лекции, совети и препораки беа оценети како исклучително квалитетни, навремени и корисни од страна на македонските учесници.

По завршувањето на конференцијата, министрите имаа тет а тет средба по која следеше и пленарна дискусија меѓу двете делегации. Во разговорите, министрите заеднички оценија дека односите меѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 25 години од воспоставувањето дипломатски односи, се исклучително пријателски, со развиена соработка во повеќе сектори. Воедно, заеднички беше укажано на можностите за натамошно интензивирање на соработката во повеќе области од заемен интерес, а особено во сферата на туризмот, во контекст на веќе воспоставените чартер летови и најавената редовна авионска линија Варшава-Скопје од страна на полскиот авиопревозник ЛОТ.

Министерот Димитров го информираше својот колега за преземените активности во рамки на реформската агенда од страна на Владата, а фокусот беше ставен на перспективата за почеток на пристапните преговори во контекст на Стратегијата на ЕК за З. Балкан, пролетниот Извештај на ЕК, претстојниот Самит ЕУ – З. Балкан, очекувањата од Јунскиот совет на ЕУ и чекорите кои Македонија ги презема во остварување на таа цел. Се дискутираше и за билатералната соработка Македонија – Полска во контекст на ЕУ. Посебен акцент беше ставен на конкретните чекори кон продлабочување на добрососедските односи и  регионалната соработка, како и зачленувањето во НАТО.

Министерот Чапутович истакна дека Република Полска е континуирано силен поддржувач на политиката на целосно интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО. Позитивно ги оцени активностите на Владата на Република Македонија и даде цврсто уверување дека Полска и во периодот што претстои, ќе даде безрезервна поддршка на европските и евроатлантските аспирации на Република Македонија.

 

 

Министерите Димитров и Чапутович, исто така, положија цвеќе пред Споменикот на депортираните 7144 Евреи од Македонија во рамките на Комеморативниот настан по повод 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија.

Вести

Ново привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, привремено ќе биде затворен регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави […]

Балкан

Турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој патувал Ципрас

За време на патувањето на премиерот на Грција, Алексис Ципрас кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го […]

Вести

Утврден редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Партиите кои поднесоа кандидатури за предвремени избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар, денеска во ДИК со жрепка ги добија редните броеви под кои ќе се најдат нивните кандидати на гласачкото ливче. Предвремените […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Вести

Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит. – Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе одиме кон […]

Вести

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности. Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е […]

Интересно

Џенифер Лопез и Алекс Родригез во реклама за очила за сонце

Новопечените свршеници Џенифер Лопез и Алекс Родригез се поврзаа и во модниот свет, за новата кампања за очила за сонце на брендот Квеј Австралија. – Квеј Австралија е еден од моите омилени брендови откако ги […]

Интересно

Безжичните слушалки на Епл може да предизвикаат рак

Безжичните слушалки Ерподс на Епл, како и другите безжични додатоци на паметните уреди, може да предизвикаат рак, сметаат стручните лица од Универзитетот Беркли. Според д-р Џоел Московиц, тие технолошки уреди „комуницираат меѓу себе користејќи поле за […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*