Работна група од Собранието утре во службена посета на КПУ Затвор Скопје


Работната група на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонијa утре ќе оствари службена посета на КПУ Затвор Скопје – Скопје.

Во придружба на групата, информираат од собраниската прес-служба, ќе биде и директорот на Управата за извршување на санкциите Јовица Стојановиќ, како и претставник од НДИ и од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

Во работната група членуваат пратениците Фадил Зендели, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов и Слаѓана Митовска.

Работна група е основана поради забелешките во Извештајот на Европската комисија за состојбата во затворите во Република Македонија, како и забелешките на пошироката јавност. Групата има за цел согледување на состојбите во кои се наоѓаат овие установи и предизвиците со кои се соочуваат, а во насока на подобрување на истите.

Вести

Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците. Скопскиот […]

Вести

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.   Европската комисија побарала од Европската агенција за […]

Вести

Се иницира нов закон за легализација на дивоградби

Владата денеска на седница усвои Информација за потребата од донесување нов закон за утврдување правен статус на бесправни објекти и го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена да достави Предлог […]