Прв состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу С. Македонија и Обединетото Кралство



МНР: До моментов нема информации за засегнати граѓани на РС Македонија во Либан - МИА

– Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу С.Македонија и Обединетото Кралство, денеска во Скопје ќе го одржи првиот инаугуративен состанок на кој од страна на С. Македонија ќе ко-претседава министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додека од име на Обединетото Кралство ќе ко-претседава министерката, Венди Мортон која од вчера е во посета на земјава.


 

Како што соопшти МНР, Советот се смета за највисоко работно тело надлежно за имплементација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, кој ќе ја има улогата на координатор на имплементацијата на одредбите од Спогодбата и развојот на нивните севкупни односи.

Исто така, во рамките на Советот, предвидено е министрите Османи и Мортон да потпишат и Деловник за работа, како рамка преку која ќе се одвива целосната соработка во рамките на ова тело, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Од Британската амбасада, вчера најавија дека во рамките на посетата британската министерка ќе се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за животна средина Насер Нуредини. Тема на разговор на нејзините средби ќе бидат и климатските промени во пресрет на Конференцијата за климатски промени (COP26) која ќе се одржи во Глазгов и клучните реформски процеси со акцент на владеењето на правото, доброто владеење, човековите права.

Обединетото Кралство и С. Македонија го потпишаа Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година со цел да ја зајакнат можноста за трговска соработка откако Обединетото Кралство ја напушти ЕУ.

Ова е втора посета на Скопје на британската министерка за Европа и Америка на С. Македонија, по нејзиното учество на состанокот на Министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во 2020 година.