Проштална средба на Пендаровски со српската амбасадорка Дивјак-Томиќ


Проштална средба на Пендаровски со српската амбасадорка Дивјак-Томиќ - МИА

Скопје, 22 јуни 2020 () – Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во проштална средба ја прими амбасадорката на Република Србија Душанка Дивјак-Томиќ.


 

Претседателот Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, се заблагодарил за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорката Дивјак-Томиќ.

Двајцата соговорници се согласиле соработката меѓу двете соседни држави да продолжи да се развива и да се унапредува во сите сфери од заемен интерес.