Промоција на финална анализа на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“


 Во организација на Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска ќе се одржи  онлајн конференција за промоција на финална анализа во рамки на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“, финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), доделен преку проектот „Нордиска поддршка за развој на Северна Македонија“.



Главната цел на проектот, како што соопштија од „Сите за правично судење“, е поддршка на кривично-правните реформи со цел исполнување на пристапните критериуми предвидени во Поглавјето 23 од преговарите за членство во ЕУ.

– Во рамки на овој проект, беа спроведени повеќе активности, меѓу кои мониторинг на судски постапки од областа на семејното насилство и криминал од омраза, увид во правосилни судски предмети од област на семејното насилство, анонимизирање на правосилните судски пресуди во Основниот кривичен суд во Скопје, како и обезбедување на бесплатна правна помош во случаи на семејно насилство и криминал од омраза, појаснуваат од Коалицијата.

Коалицијата најавува уество на коинференцијата и минситерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која ќе говори на тема „Заложби на Министерството за труд и социјална политика во поглед на сузбивање, превенција и заштита од семејното насилство“.