Проф. Силјановска: ДОЛГО ИМЕ, ПРОШИРЕН ПРЕДМЕТ, АСИМЕТРИЈА


Автор: Проф д-р Гордана Силјановска Давкова 



Официјалниот назив на Преспанскиот договор е „КОНЕЧЕН ДОГОВОР ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ, ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИИТЕ 817(1993) И 845(1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН, ЗА ПРЕСТАНОК НА ВАЖНОСТА НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 ГОД. И ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ“. Во називот на „Конечниот договор отсуствува вистинскиот предмет на грчко -македонскиот спор, односно „ИМЕТО“, разликите не се опишани, туку само е нотирана разлика за името. Имено, Резолуцијата на Советот за безбедност 817(1993), откако  констатира дека: апликантот ги исполнува критериумите за членство во Обединетите нации, содржани во член 4 од Повелбата“,нотира РАЗЛИКАво врска со името на државата , што треба да биде решена, во интерес на зачувувањето на мирни добрососедски односи во регионот. Заради тоа, во став (2) му препорачува на Генералното Собрание државата да биде примена во членство, но за сите цели во рамките на ОН да и се обраќаат како на „бивша Југословенска Република Македонија, додека, „на брз начин не се реши разликата“!!! Од аспект на меѓународното право, „разликата за името“, е билатерален спор, со практични последици врз трети држави, во рамките на мултилатералниот форум ОН и други меѓународни организации. Надвор од нив, со оглед на билатералниот карактер на спорот, третите држави се правно слободни да ја признаваат државата под уставното име.[1]Значи, во самиот наслов на договорот препознаваме амбиција за проширување на предметот на преговарање и усогласување.  Што стана со ставот на медијаторот Нимиц, изразен во одговорот на Greek Pressод 1995:„Името на оваа држава е фактички избрано од самата држава. Но, како и да е, тие се оние кои го избираат сопственото име. Грција не може да им го избере името. Грција може да каже дека е против името избрано ид другата страна. .. Дури ни ОН не се тие што одбираат имиња…. Во овој случај, тие не го избраа името на државата, туку рекоа дека привремено ќе и се обраќаат со “бивша Југословенска Република Македонија“.Како што веќе реков, тие можат да ни се обраќаат нам како на„Бивша Британска колонија Северна Америка. Тоа не е нашето име,како што она ПЈРМ не е име на оваа држава“.[2]