Претседателот Пендаровски ја почна официјалната посета на Албанија


Претседателот на Рeпублика Македонија, Стево Пендаровски  ја почна првата официјална посета на Република Албанија. Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од албанскиот претседател Илир Мета, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана.


 

Предвидено е Пендаровски да се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи.

Исто така, претседателот Пендаровски ќе има средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и со пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски.