Преодна, а не Пржинска влада треба да ги организира предвремените избори


После хаваријата која се случи со недобивањето на датум за отпочнување на преговори со ЕУ, а по потпишувањето на срамните договори, Глас за Македонија се чуди на дрскоста за распишување на предвремени парламентарни избори од истите актери кои беа учесници во овој дебакл. Нивната целокупна игра е пропадната: на власта и на “конструктивната“ опозиција.

И сега, како ништо да не се случило, истите тие ќе организираат “фер“ избори за да продолжат со погубните политики и политиките на “ќорсокак“. Не е можно.

Додатно, за сите нив постојат докази дека редовно прават изборни измами и корупција воопшто.

Затоа, пред распишувањето на сега веќе закажаните предвремени парламентарни избори, Глас за Македонија бара:

Итно поништување на штетните договори, кои дури не ја постигнаа ниту целта со која граѓаните беа манипулирани.

Промена на изборното законодавство, во насока на отворање на плуралниот простор и давање на фер шанса и за други партии.

Глас за Македонија бара експертска, преодна влада во која нема да има функционери од ниту една политичка партија, бидејќи овие два блока не можат да организираат фер избори. Тие, со своите погрешните политики, но и со криминалот,  целосно го изгубија легитимитетот.

Само во тој случај, граѓаните ќе имаат доверба во изборниот процес и ќе се случат вистински промени во политичкиот, сега заробен систем. Во спротивно, ќе имаме досега најмала излезност и влада со спорен легитимитет што ќе биде постојан извор на нестабилност.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]