Премиерот Заев на отпочување изградба на атмосферска канализација во Шуто Оризари



 Премиерот Зоран Заев, градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш и директорот на ТАВ, Метин Батак, денеска ќе присуствуваат на отпочнувањето на работите на атмосферската канализација во оваа општина од средствата од ТАВ.


 

Кон средината на јули на прес-конференција беше објавено дека над 90 инфраструктурни проекти во вкупна вредност од 49,7 милиони евра ќе бидат реализирани со средствата што првично беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип.

Освен за инфраструктурини проекти во општините, дел од средствата ќе бидат наменети и за проширување на капацитетите на двата аеродрома во земјава.