Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања

komisija-za-evropski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собраниската Комисија за европски прашања на денешната седница треба да го разгледа Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за градење, по скратена постапка, кој е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д.

Претходно, Комисијата ги разгледа и на натамошна собраниска постапка ги проследи измените и дополнувањата на Законот за работните односи и на Законот за урбанистичко планирање.


Во наредните денови треба да ги разгледа и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за експропријација и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д, двата по скратена постапка

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK