Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дебатираат за амандманите , нема да учествуваат во телото за помирување

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во Координатвното тело за помирување во Собранието на Република Македонија, за нацрт-амандманите за уставните измени, за кои задутре ќе почне комисиската расправа, опозициските пратеници ќе дебатираат за да ги разобличат, а за предлогот за одземање на мандатот на нивниот сопартиец и поранешен лидер Никола Груевски сметаат дека е политички процес и својот став ќе го искажат  во Собранието.

Ова се заклучоците од координацијата на пратеничката група на опозициската партија, која се одржа во партиското седиште, а вечерва ги соопшти  координаторот Никола Мицевски.

-Нема да учествуваме во Коодинативното тело за помирување затоа што  сè уште немаме содржина на она што би требало да се случува, и според нас тоа е селективноста во правдата која во изминатиот период ја гледаме. Доколку тоа координативно тело донесе заклучоци, одлука или каков било начин за ослободување или решение на проблемите на сите инволвирани од 27 април, ние како пратеничка група ќе го поддржиме тој процес, одлука, закон или што било, изјави Мицевски по завршувањето на  координацијата.

Во однос на нацрт-амнадманите за измените на Уставот, кои се на дневен ред в среда на собраниска Комисија за уставни прашања, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со, како што рече, „жестоко разобличување на сите уставни амнадмани и за сето она што се случува во Македонија, а за кое ние како пратеници и како партија реагиравме во изминатиот период“.

-Како пратеници ние во наредниот период ќе дебатираме по однос на амандманите предложени од Владата и сето она што беше кажувано дека ќе биде внесено или нема да биде внесено во амандманите, а сега го гледаме дека е тука или не е тука, додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на предлогот за одземање на мандатот на Груевски, што е на дневен ред на собраниската  Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања закажана исто така за 7 ноември, Мицевски рече дека процесот што се води е политички.

-Согласно законот, се знае кога и како се одзема мандатот на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти својот став по однос на оваа комисија. Ќе видиме како ќе настапат и другите пратенички групи, додаде Мицевски.

Вести

Пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на морбили

Вкупно 75 случаи со симптоми на морбили (мали сипаници) се пријавени заклучно со вчерашниот ден. За 65 од нив е добиена лабораториска потврда, соопшти денеска Министерството за здравство. Возраста на заболените се движи од осум месеци […]

Вести

Рудникот „Иловица-Штука“ се развива согласно најновите законски измени

Проектот за рудникот Иловица-Штука се развива и согласно измените на законот за минерални суровини, кои на 9 јануари годинава беа изгласани во Собранието на Република Македонија, стои во изјавата на компанијата „Еуромакс ресоурцес“. Додаваат дека […]

Вести

Продолжуваaт протестите и неизвесноста во „Еурокомпозит“

Вработените и работниците прогласени технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ денеска на протест пред фабриката сметаат дека нема на повидок решение за нивните проблеми и најавуваaт протест в понеделник пред владата во Скопје. Во името на […]

Вести

Маж се самозапали на плоштад во Прага

Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага, каде пред 50 години се самозапали студентот Јан Палах против советската инвазија врз Чехоловачка. Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница. Според […]

Вести

Маас: Русија може да го спаси договорот ако се откаже од крстосувачките ракети

Русија може да го спаси Договорот за отстранување на ракетите со среден и краток дострел ако се откаже од своите крстосувачки ракети, кои се во спротивност со Договорот од 1987 година помеѓу САД и тогашниот […]

Вести

Европа се подготвува за хаотичен брегзит без договор

Државите од Европската унија трошат милиони, вработуваат илјадници работници и итно даваат секакви дозволи за да се справат со се поголемата веројатност дека на 29 март Велика Британија ќе ја напушти Унијата без договор, и […]

Интересно

Распеани мајмуни прогласени за животни на годината во Зоолошката во Виена

Посетителите на виенската зоолошка градина „Шонбрун“ секој ден можат да уживаат во дуетот на мајмуните Рао и Сипура. Тие се од расата гибони, кои во животинскиот свет се нарекуваат и шумски пејачи. Тој загрозен вид животни […]

Интересно

Кристи Бринкли и на 64 години во одлична форма

Поранешниот супермодел Кристи Бринкли на настан во Њујорк се појави во бел мини-фустан со долги ракави. Инаку, таа има 64 години и е мајка на три деца од три брака. Бринкли во минатото беше мажена со музичарот […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*