Пописот по стандарди и методологија на Заев е само една политичко-пазарџиска операција


ВМРО-ДПМНЕ: Мислењата на Венецијанската комисија за СДСМ важат во зависност од тоа како ним им одговара - МИА

Намерата на власта да спроведе попис без почитување на европските стандарди и според методологија на Заев е гаранција дека тоа нема да биде статистичка туку политичко-пазарџиска операција.



Затоа во скратена постапка, без претходна јасна методологија носат закон за попис кој нема општествен консензус.

Дополнително  тоа што истиот попис е врзан со врзан потпис, говори дека се подготвува фалсификат од кој нема да има корист никој, а најмалку Македонија.

Голем број земји во Европа ги одлагаат своите пописи поради епидемијата, а Заев насила турка попис за да може да ги прикрие своите однапред штелувани резултати.

Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставуваат на политичкиот пазар на Заев и доколку власта оди со носење на овој насилен закон, спротивен на европските стандарди за попис,  ВМРО-ДПМНЕ ќе почне иницијатива на собирање потписи во Министерството за правда и како резултат на таа иницијатива ќе достави предлог-закон во Собранието со кој што ќе се поништи законот за попис.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ