Попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови



– Вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.


 

Денеска е 20-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште шест дена пописни активности.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.