Почнува со работа нова фабрика за стакло во ТИРЗ Тетово


Почнува со работа нова фабрика за стакло во ТИРЗ Тетово - МИА

Тетово, 8 јули 2020 () – Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово почна со работа фабриката за производство на стакло „Глас Флекс“, сопственост на македонско-холандски капитал.



Вредноста на инвестицијата е девет милиони евра, а предвидени се 300 вработувања.

– Фабриката е со најмодерна линија за производство на стакло единствен на Балканот, која користи најмодерна технологија со целосно автоматизиран процес. Се работи претежно за извоз, 80 проценти од производството се продава на пазарите на поранешните југословенски републики и западноевропските држави, изјави Гоце Пешов, менаџер во „Глас Флекс“.

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој присуствуваше на настанот, рече дека се прават напори да не се стопираат градежните активности во зоните и покрај пандемијата.

– Како Министерство за економија имаме добиено апликација за отворање на нов капацитет на германска компанија за изработка на компоненти за автомобилска индустрија тука во технолошко индустриската развојна зона, рече Бектеши.

Фабриката „Глас Флекс“ има објект од 9.000 метри квадратни, а ќе се произведува калено, луминирано и друг вид специјализирано стакло. ас/


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*