Почнува изградбата на системот за наводнување Славишко Поле


Почнува изградбата на системот за наводнување Славишко Поле - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Премиерот Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе присуствуваат на почетокот на градежните активности на системот за наводнување Славишко Поле, Општина Ранковце.

Општините Ранковце и Крива Паланка ќе добијат нов, современ систем за наводнување на Славишко Поле, кој ги опфаќа земјоделските површини почнувајќи од село Псача, Петралица и Гиновци, како и зафатот за пренасочување на Крива Река која ќе биде главен извор за вода во овој систем за наводнување. Ова во февруари годинава го најави премиерот Оливер Спасовски, по посетата на Општина Ранковце.

Со новиот систем ќе се наводнуваат околу 200 хектари обработливо земјоделско земјиште и ќе биде достапен за 1.500 жители кои главно се занимаваат со земјоделство и сточарство.  


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]