Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда и борба против корупцијата, изградба на општество со еднакви шанси за сите, како и активно учество во сите процеси и активности на земјата како членка на НАТО и почеток и успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ, се дел од приоритетите на новата Влада, во чија реализација премиерот Зоран Заев очекува да се вклучат и новите заменици на министри што ги предлага.

Со именувањето на заменици на министрите, рече премиерот, се комплетира системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет кои ќе работат на реализација на програмата на Владата и пред се во справувањето на последиците од пандемијата со КОВИД-19 како еден од првите владини приоритети.

-Уверен сум дека тие ќе се посветат на создавање услови за нов циклус на динамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава, силни институции. Секако максимално посветеност очекуваме и за создавање модерно образование, стабилно општество внатрешна кохезија…Од нив очекувам и активно учество во сите активности како земја членка на НАТО и максимално вклучување во процесите за почеток и завршување на преговорите по поглавја за членство во ЕУ, како и во политките за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, рече Заев.

Според него, во изминатите три години покажале дека е можно да се обезбеди поголем економски раст, да се креираат нови работни места, но и можен раст на платите. Остваривме, рече, историски најниска невработеност и повисока минимална плата за околу 60 отсто.

-Новата Влада има план за иновативна стабилна конкурентна македонска економија подготвена да одговори на новите предизвици и да даде шанса на сите. Во такна економија платите ќе продолжат да растат кризата нема да не спречи минималната плата да остане 14.500, а со нов пакет мерки да ги помагаме ранливите и компаниите, рече Заев најавувајќи го новиот сет мерки откако неделава ќе завршат конуслтациите.

По завршувањето на кризата, додаде, ќе се продолжи со мерки раст на минимална плата и тоа до крај на мандат за 20 до 40 отсто и на просечната плата за 20 до 30 отсто, како и на враќање на економскиот раст од 4 отсто.

-Градиме уште поодговорни и отворени институции посветени на интересите на граѓаните, затоа во наредниот период со изострен фокус ќе продолжиме на промена на структурата квалитетот и големината на администрацијата, на испорачување ред правда и ефикасност, прочистување на правосудството и неселективно владеење на правото, посветеност на борбата против корупцијата и криминалот. Ова е важно и за нашиот процес за интерација во ЕУ и отворање на првите поглавја, рече премиерот пред пратениците во Собранието.

Тој додаде дека Владата и натаму ќе остане насочена кон реализација на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија кои, како што рече, овозможиле членство во НАТО и одлука за почеток на преговори со  ЕУ.

Предлогот за избор на заменици на министри Владата до Собранието го достави минатиот петок.

За заменик-министер во одбрана е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за заменик-министер е Агим Нухиу.

Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Во Министерството за финансии заменик на министерот Фатмир Бесими треба да му биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија предложен е Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство за заменик е предложен Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство.

Доктор Илир Хасани е предлогот за заменик-министер во Министерството за здравство.  Арафат Шабани е предложен во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.

Пред да ја почне расправата по изборот на заменици на кминистрите во Владата, по оставката на пратеникот дамјан Манчевски, Собранието го верификуваше мандатот на пратеникот Диме Велковски.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*