Почесна артилериска стрелба и параден концерт во пресрет на Денот на независноста


Почесна артилериска стрелба и параден концерт во пресрет на Денот на независноста - МИА

Скопје, 7 септември 2020 () –  Во пресрет на утрешното одбележување на Денот на независноста 8 Септември  вечерва во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршена почесна артилериска стрелба, а во центарот на Скопје параден концерт одржа Градскиот гудачки концерт.

Истрелани беа пет плотуни од артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата на Република Северна Македонија.

Парадниот/маршовски концерт на Градскиот дувачки оркестар се одвиваше на потегот од Музејот на град Скопје кон плоштад „Македонија“ на ул. „Македонија“.

Владина делегација утре ќе  положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров, а централната прослава ќе биде на отворено во дворот на Владата каде ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, прославата се одржува во посебни услови согласно со протоколите на Комисијата за заразни болести за одбележување државни празници, односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на мерките за заштита и растојание.


Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието - МИА
Вести

Ратификации на договори и спогодби и едно задолжување денеска пред пратениците

– Покрај измените и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратениците денеска на пленарна седница треба да разгледаат четири ратификации на договори и спогодби, едно задолжување и испраќање на војници во […]

Вести

Републиканците поразени во Врховниот суд за клучна одлука за гласање по пошта

– Врховниот суд на САД донесе одлука дека гласачките ливчиња за претседател од Пенсилванија, клучни за шансите на Доналд Трамп да биде реизбран, ќе се сметаат за валидни ако бидат добиени во рок од три […]

Вести

Будно се следи состојбата со коронавирусот во градинките, ќе се носат одлуки заедно со локалните власти

– Од моментот на отворање на градинките на 9 септември, досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на коронавирусот. Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени. Бројот на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*