По целодневна расправа изгласан дневниот ред на 115. седница на Собранието

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранието, вечерва, по целодневна расправа, го изгласа дневниот ред на 115. седница на која во претпладневниот дел, беше утврдена потребата за носење на предлог-измените на пет закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д по скратена постапка, со европско знаменце.

Означувањето на законите со европско знаменце од страна на Владата, ја одбележа целодневната расправа во тек на која пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица побараа од предложениот дневен ред да се тргнат овие точки.


Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, е предложен од Владата, како што рече, „со цел да се изигра одлуката на Уставен суд“.

– Владата предлага ваков закон не водејќи сметка за Уставот, законите, колективните договори, меѓународни трудови стандарди, конвенција за работно време, европските директиви и други меѓународни документи, рече тој.

Неговиот сопартиец Антонио Милошоски, пак, побара точка 14, која се однесува токму на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи да биде последна точка на дневен ред.

– Се надевам дека овие сериозни опомени кои што доаѓаат и од ЕУ и од стручната јавност за работнички права, од одлуката на Уставен Суд, синдикатите и други чинители, можеби ќе влијаат на некој начин позитивно, за колегите од парламентарното мнозинство или самиот предлагач, Владата на РСМ, да ја повлече или видоизмени оваа предлог точка, рече тој.

Предлозите за изменување и дополнување на дневниот ред кои се однесуваа на изградбата на коридорите 8 и 10д на опозицијата не беа изгласани. Дел од пратениците, при утврдувањето на дневниот ред, пак, побараа одредени точки да се поместат погоре на дневниот ред, бидејќи, според нив, истите се од суштинска важност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK