Планот 18 презентиран пред Евроамбасадорот Жбогар и претставниците на Делегацијата на Европската Унија во Македонија


Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, го презентираше новиот реформски план, Планот 18 пред претставниците на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, предводени од Евроамбасадорот Самуел Жбогар.

DSC_0025
DSC_0020
DSC_0017
DSC_0028


На почетокот, Османи изрази задоволство од имплементацијата на Планот 3-6-9, особено неговата валоризација во еден од најпозитивните извештаи за Република Македонија, кој беше придружен со чиста и безусловна препорака за преговори од страна на Европската Комисија. „Владата има цврста определба да ја задржи реформската агенда на врвот на листата приоритети и по завршувањето на имплементацијата на Планот 3-6-9, за што, Секретаријатот за европски прашања  презеде обврска да изготви нов реформски план за 2018 година, чија реализација треба да заврши со излегувањето на новиот извештај на Европската Комисија на почетокот од следната година.“, изјави Османи, посочувајќи дека Планот 18, кој сѐ уште е во фаза на усогласување, се очекува да помине на Влада следната недела, по што ќе биде ставен на увид и на експертската јавноста, граѓанскиот сектор, од каде се очекува негово дополнување и финализација.

„Планот 3-6-9 создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, Планот 18 претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи“, изјави Османи, додавајќи дека во Планот влегуваат сите забелешки и сугестии нотирани во Извештајот на Европската Комисија, а Планот ги зема предвид и насоките кои се содржат во шесте водечки иницијативи на Стратегијата на Европската Комисија.

Османи побара од Евроамбасадорот Жбогар и од претставниците на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и тие да придонесат со свои забелешки, сугестии и коментари при финализацијата на содржината на Планот, кој следната недела се очекува да биде усвоен од страна на Владата, по што Вицепремиерот Османи најави дека предвидува посета на Брисел, каде Планот ќе биде презентиран и пред администрацијата на Европската Унија.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*