Пет милиони евра на располагање на С Македонија и на Албанија на 3. повик за прекугранични проекти


– Околу пет милиони евра се обезбедени за 3. Повик за предлог-проекти за прекугранична соработка (ЦБЦ) помеѓу Северна Македонија и Албанија.во рамки на ИПА-2. Ова беше истакнато на денешната онлајн прес конференција на амбасадорите на Европската унија во Скопје и во Тирана Дејвид Гир и Луиџи Сорека кои официјално го започнаа 3, Повик за предлог – проекти за прекугранична соработка помеѓу двете земји која се смета за клучен елемент на политиката на ЕУ кон нејзините соседи.



Амбасадорот Гир истакна дека ќе се поддржат проекти од областа на туризмот притоа промовирајќи го природното и културното наследство, за поддршка на локалните бизниси и конкурентноста, како и проекти за заштитата на животната средина, ублажување на последиците од климатските промени и превенција и управување со кризи. .

На онлајн прес-конференцијата учествува и Горан Милевски, министер за локална самоуправа Милевски и Зеф Мази, главен преговарач и Национален координатор за ИПА на Република Албанија. Милевски истакна дека досега двете соседни земји реализирале 14 проекти во вредност од близу 6 милиони евра  во ИПА- периодот на програмирање 2014-2020 година (ИПА 2) во рамките на програмата ЦБЦ. Тој посочи дека тимови на двете земји веќе работат на подготовка и на новата програма за претстојниот ИПА 3 програмски период 2021 – 2027 која по одобрување од Брисел ќе биде основа за добивање нови средства за нови заеднички проекти во планираниот период

-Поддршката од ЕУ во рамки на ИПА инструментот за ЦБЦ за нас е многу значајна како две земји кои вложуваат огромни напори да го забрзаат развојот и да отпочнат преговори со ЕУ, но исто толку важна е и за граѓаните во регионот кои се соочуваат со зеднички проблеми и потреби и кои само со соработка можат да ги надминат на брз и подобар начин, Северна Македонија и Албанија се пример за добра прекугранична соработка со многу реализитрани заеднички проекти, со знаење вештини со веќе создадени партнерствга помеѓу општините, невладините организации, кои и во иднина ќе придонесат за уште поголема соработка во наредниот програмски период, рече првиот човек на Министертството за локална самоуправа.