Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера заседаваше за да ги анализира и дискутира околностите и случувањата во земјата и во партијата.
По сеопфатен преглед и дискусија, членовите на Централното претседателство донесоа едногласни заклучоци во врска со следните главни прашања:
1. Забрзаниот пат до интеграција во Европската Унија:
Централното претседателство, констатирајќи врз основа на веродостојни анализи и информации дека во нашиот регион се создава нова динамика како единствена можност за забрзан пат за интеграција на земјата во Европската унија, ја нагласува неопходноста од исполнување на нашите обврски како држава. преку уставни измени кои ќе ни овозможат да го доловиме овој историски момент и да обезбедиме европска иднина на нашата земја.
2. Жалење за повлекувањата:
Централното претседателство забележува и изразува длабоко жалење за одлуката на пет членови на Претседателството да се самоповлечат од Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, одлука која ја донесоа на состанокот на ЦО одржана на 1 април 2023 година.
3. Официјализирање на изборниот процес во ограноците на ДУИ.
Централното претседателство ја официјализираше одлуката за претстојниот изборен процес во ограноците на Демократската унија за интеграција а кок ќе се одржи на 2 Јули 2023
Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија.
Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на досегашното патување.
Силно веруваме дека искористувајќи ги сегашните можности, ќе продолжиме да ја водиме нашата земја, заедно со коалициските партнери, кон европската интеграција за да обезбедиме посветла иднина, стабилност, благосостојба и просперитет за сите граѓани.
Демократската унија за интеграција