Пендаровски: Нема друга алтернатива освен доследно почитување на протоколите


 



Во отсуство на вакцина или лек за оваа болест нема друга алтернатива освен доследно почитување на протоколите, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност.

Министерот Филипче ги информирал за најновата состојба и плановите за работа на болниците низ Македонија за напливот на нови пациенти.

„Бевме информирани и за функционирањето на Централниот кризен штаб. Се следи состојбата насекаде во светот и Европа. За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, секојдневно имаме поголеми бројки на заболени. Сведочиме дека најразвиените земји и економии тешко излегуваат на крај со пандемијата“, рече Пендаровски.

Според претседателот, ниту во Владата, ниту во Министерството не е собран сиот ум и искуство во светот, па затоа секоја критика е добредојдена.

„Мора да постои добра волја и подготвеност сите корисни идеи да бидат прифатени. Оваа ситуација не треба да се користи за добивање на политички поени“, рече Пендаровски.

Тој во името на сите присутни во состанокот да им се заблагодари на сите вклучени во борбата со Ковид-19. На денешната седница отсутни беа професорот Ненад Марковиќ кој имал работни ангажмани и министерот Оливер Спасовски, кој отсуствуваше бидејќи е позитивен на Ковид-19.

 


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*