Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголемиот предизвик останува пандемијата со КОВИД 19


Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголемиот предизвик останува пандемијата со КОВИД 19 - МИА

Скопје, 23 септември 2020 () – Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема индиции дека би можел да биде загрозен територијалниот интегритет. Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид 19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност.

Истакна дека надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбденосен проблем, вклучувајќи и евентуално нов бран на мигрантска криза.

Според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијае на општата безбедност во земјата.

На првиот состанок на Советот за безбедност по зачленувањето на земјата во НАТО се разгледани и безбедносните импликации со воведувањето на 5G технологијата. Заклучено е Владата и надлежните институции доследно да ги почитуваат правилата и препораките на Алијансата. Министерството за надворешни работи ќе треба да започне со подготовка на меморандум за разбирање, сличен по содржина на меморандумите што ги потпишале државите од регионот и земји членки на Алијансата.

– Како членка на НАТО сега сме обврзани да ги следиме сите безбедносни протоколи на Алијансата и тоа како во однос на безбедносниот беграунд на лицата кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето на дигитални технологии кои имаат цели и вердности кои се некомпитабилни со целите и вредностите на западната Алијанса, рече Пендаровски. ва/

Изјава на претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност

Posted by MИА.mk on Среда, 23 септември 2020

 

 


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*