Павлопулос: Решавање на името согласно историјата и Меѓународното право, па интеграција во ЕУ и НАТО


Атина, 12 јули 2018 (МИА) – Решение на спорот со името, согласно историјата и Меѓународното право, е предусловот за нашата зенја да се интегрира во НАТО и ЕУ, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос .



Како што јави дописничката на МИА од Атина, Павлопулос во претседателската палата, денес прими група студенти од дијаспората и пред нив говореше за отворените прашања во грчката надворешна политика, меѓу кои и прашањето со Македонија.

– Се стремиме кон пријателски и добрососедски односи со ПЈРМ и во пракса покажуваме дека ја поддржуваме перспективата кон НАТО и ЕУ, но овде постои еден важен предуслов: решавање на прашањето со името согласно со историјата и Меѓународното право. За да се случи ова, како што имаме јасно кажано и тоа е позиција прифатена од НАТО и од Обединетите нации, треба, нашата соседна земја да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а најпрво во нејзиниот Устав, бидејќи Уставот каков што е сега не одоговара на предусловите, рече Павлопулос.

Грчкиот претседател истакна дека Атина чека, Македонија да ги исполни сите предвидени обврски, за потоа Договорот да биде ратификуван во грчкиот Парламент, но и за да пристапи кон ЕУ и НАТО.

– Посакуваме овој процес да има поволен исход, но одговорноста, како што сите знаеме, ѝ припаѓа на соседната земја, додаде грчкиот претседател.

Павлопулос говореше и за делот од Договорот во кој се разграничуваат грчката од нашата Македонија и историјата, цивилизацијата и културата.

-Ние сме тука за да им го олеснијме патот, но потенцирам, да не отстапиме ништо од она што ни припаѓа, согласно нашата историја и нашата култура, рече Павлопулос, пренесе МИА.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*