Партиските лидери два часа разговараат за датумот за парламентарни избори


Скопје, 18 мај 2020 () – Во ист состав како и првиот пат, со мали промени кај партиската придружба, во вилата Водно лидерите на политичките партии во земјата разговараат за датум за парламентарни избори. Средбата започна нешто по 12 часот, а со неа раководи претседателот Стево Пендаровски, а учествуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Услов да се одржи оваа средба беа добивањето здравствени протоколи за спроведување на кампањата и гласањето на изборниот ден, мислење од ДИК за временската рамка што им е потребна, како и информација од ОБСЕ/ОДИХР во врска со нивното присуство односно набљудување на изборите.

Најголемите партии, пред да седнат, по втор пат на оваа маса, во јавноста ги искажаа своите ставови за одржувањето на парламентарните избори и според нив разликите се големи. СДСМ е за брзи избори, вчера ДУИ излезе со ист став, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да се брза ,туку во прв ред да биде здравјето на граѓаните.

Исто такво разногласие имаше и меѓу членови на ДИК во однос на времето потребно за Избирачкиот список и другите изборни дејствија. Извесно е дека се можни летни избори.

И на оваа втора лидерска средба за одржување на парламентарните избори, која се одржува во сенка на коронакризата, се запазени сите здравствени мерки и препораки, односно лидерите се со маски, седат на одредена раздалеченост, како и нивните експертски или партиски придружници. Средбата се одржува на отворено, како и минатиот пат.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА. оџ/


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]