Ова е Македонија за сите: Поради неспособноста на власта државата се празни, белата чума се поголем замав зема, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе промените во Република Македонија

makedonija_site_34543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во вчерашната теренска акција на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“ тимовите посетија бројни населени места каде што ги ислушаа маките на граѓаните, проблемите, но воедно се понудија решенија како Македонија да застане на нозе. Граѓаните бараат избори час поскоро за да си замине неспособната власт која донесе само криминал, корупција и сиромаштија.

„Продолжуваме со теренските посети, продолжуваме со средбите со граѓаните. Тоа што е евидентно е дека има огромно разочарување. Разочарување од неспособноста на централната власт, разочарување од немањето капацитет за да се решаваат суштинските проблеми на граѓаните, а паралелно и со тоа енормната корупција на секое поле во општеството“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при средбата со граѓани во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите“.


„Но, ние зборуваме и за денот потоа, за денот после изборите, кои промени треба да се направат, кои реформи му се потребни на македонското општество, како Македонија да ја обновиме и Македонија да биде успешна земја, земја во која што граѓаните имаат надеж за утре“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека пак Зоран Љутков при посетата на Петровец истакна дека централната власт во овие шест години ниту еднаш ги нема посетено во нивните населени места, ниту ги има прашано за нивните проблеми, ниту пак за некаква реализација на проекти.

„Денес се разбира највеќе се разочарани граѓаните од она што се случува со криминалниот проект кој го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ за кој влегоа апсолутно неспремни или не сакаа да видат што точно потпишуваат за кое што Република Македонија ќе исплаќа стотици милиони евра за пенали“, потенцираше Љутков.

Пратеничката Ели Панова од населеното место Куклиш истакна дека ниту еден од министерството за земјоделие нема дојдено во посета на овие места.

„Она кое што сега го слушнавме од граѓаните во населеното место Куклиш е дека сите овие години додека се СДСМ и ДУИ на власт ниту еднаш ниту еден од министерството на земјоделие нема стапнато во ова населено место и нема прашано за проблемите со кои се соочуваат производителите на раноградинарски производи кои генерално се наоѓаат во овие населени места“, рече Панова.

А, пак пратеникот Драган Ковачки при посетата на населените места Луковица, Тодоровци, Мошница и Саса додаде дека со оваа власт Македонија се празни, односно белата чума се поголем замав зема во земјава.

„А, сето тоа е последица на системот кој што не функционира односно за немањето на еден здравствен систем, образовен систем, немање на еден правосуден систем кој што ќе ја гарантира правдата за сите граѓани во Република Македонија“, нагласи Ковачки.

Тој посочи дека европската перспектива која што ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз ја заговараат и ја нудат на граѓаните е само бледа фарса за покривање на нивните криминални дејанија. Дејанија од кои што гледаме дека се оградуваат и европските институции. Односно се виде дека се укинаа парите за изградбата на болницата во Штип која што е неопходна за граѓаните.

Пратеникот Мирче Аџиоски при посета на населените места на Дебарца, Требеништа, Горенци,  Мешеишта и Волино, рече дека излез од оваа апатија е секако да се организираат избори и избори на кои ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи.

„Живееме во заробена држава во која нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема доверба во правосудството бидејќи секој ден ги гледаме скандалите кои излегуваат на површина, нема доверба во полицијата наместо таа да ги гони криминалците таа ги заштитува“, кажа Аџиоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Ѓорѓија Сајкоски додаде дека во регионот каде што имаше средби со граѓани нема улици, нема улично осветлување, нема ниту вода за жал иако кон градоначалникот од месната заедница од целиот регион на Рабетинска река се има поднесено безброј барања за реконструкција на пат, за изградба на подобра водоводна мрежа, за подобрување на условите за живот сепак нема одговор од градоначалникот на Кичево.

„Жално е што ние што денес во 21 век имаме полни усни со Европа и зборуваме за Европа меѓутоа тука не се донесени тие вредности туку се работи на уништување и на она што досега го изградиле овие вредни жители од овој регион“, појасни Сајкоски.

Пратеникот Игор Здравковски додаде дека секаде каде што одат се нагласува проблемот во земјоделието, проблемот во здравството и образованието и на крај она што е актуелно деновиве е крадењето на народните пари

„Oд минатата недела до денес се промени само една работа а тоа е осиромашување на граѓаните за цели 300 милиони евра или во просек по 150 евра од секој жител во Република Македонија народни пари се земени и се наменети за дооговорот со „Бехтел и Енка“ без да се удри ниту една лопата, а граѓаните се уште живеат во онаа апатија која ја наметна власта“, рече Здравковски.

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при посета на населените места во Вландово додаде дека граѓаните сакаат да си ја земат судбината во своите раце.

„Заеднички одиме од место до место. Незадоволството поради економските причини, иселувањето и егзодусот е огромно. Затоа што Македонија има најголема инфлација, огромна скапотија. Затоа што луѓето одвај врзуваат крај со крај. Затоа што Македонија може и сака да биде подобро место за живеење“, порача Ѓорчев.

Пратеникот Бране Петрушевски од Старо Нагоричане додаде дека граѓаните се револтирани затоа што на телевизија преку скапите реклами на Владата слушаат како земјоделците имале многу добри услови за живот, а истите се прашуваат зошто тогаш сточниот фонд се намалува и зошто тогаш производството на храна е намалено.

„Се жалат граѓаните и на тешките бирократски процедури на добивање субвенции кои и така се намалени од порано или воопшто не се добиваат“, истакна Петрушевски.

„Заедничка порака на сите е дека е доста од оваа власт, пред се од ДУИ поддржана од СДС и дека е крајно време ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот да ја сруши оваа однародена власт и да почне Република Македонија деа се враќа на вистинските патеки на економски раст и развој“, порача пратеникот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK