Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија


Ученици од ООУ„Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, каде имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да се информираат за неговите надлежности, да присуствуваат во просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, како и во салите во коишто се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Посетителите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот, и беа запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите, и со начинот на функционирање на оваа институција.

Учениците имаа можност да присуствуваат и на церемонијата за промена на државното знаме на платото во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, извршена од припадниците на Баталјонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Северна Македонија, како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

Денешниот настан е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/?page_id=3016 ќе имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

Вести

„Форин полиси“: Трамп бара од Токио 8 милијарди долари за оставање на американските војници во државата

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Јапонија да ја зголеми за четирипати сумата за американските сили стационирани во државата, објави Форин полиси, повикувајќи се на неименувани сегашни и поранешни американски функционери, во момент кога Вашингтон […]

Вести

Независниот синдикат на полицијата бара подобри услови за работа и 25 отсто зголемување на платите

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред Владата на кој побара да биде признаен за репрезентативен синдикат во полицијата, признавање на новиот колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови за работа […]

Вести

Судството гласно за платите, молк за нефикасноста и застарувањето на предметите

Протестот на судската администрација повторно ги отвори прашањата за функционирањето и ефикасноста на македонското судство. Нивните барања добија јавна поддршка од судиите, на кои министерката за правда Рената Дескоска им забележа дека, како што се […]