Османи за новиот евроамбасадор Гир: Добиваме искусен дипломат и искрен сојузник на патот кон Брисел


Османи за новиот евроамбасадор Гир: Добиваме искусен дипломат и искрен сојузник на патот кон Брисел - МИА

Скопје, 18 септември 2020 () – Доаѓате во исклучително важен момент за нашата држава во однос на нашиот ЕУ пат. Се потпираме на вашето искуство и на вашата искрена поддршка на овој пат, што ќе претставува историски заеднички успех уште на самиот почеток од вашиот мандат, му порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, на денешната средба на која Османи ги прими копиите од акредитивните писма за неговото именување.



Од Министерството за надворешни работи соопштија дека Осман изразил задоволството што со амбасадорот Гир, Северна Македонија добива искусен дипломат и сојузник кој професионално и принципиелно ќе се вложи во европската перспектива на државата, што претставува исклучителна важност за земјата во пресрет на претстојното објавување на годишниот извештај и пакетот за проширување на Комисијата и очекувањето земјата повторно да добие позитивни оценки.

– По историската одлука во март за почеток на преговорите, веруваме и очекуваме дека земјите членки во рамки на Германското претседателство со Советот на ЕУ наскоро ќе ја договорат преговарачката рамка и до крајот на годината ќе ја одржиме Првата меѓувладина конференција која ќе го означи конкретниот почеток на преговарачкиот процес, рече министерот за надворешни работи на средбата со Гир кој доаѓа на местото на досегашниот евроамбасадор во земјава Самуел Жбога, чиј мандат истече овој месец.

Османи, посочија од МНР,  ја искористил средбата со новоназначениот амбасадор да ја пренесе благодарноста на Владата до Европска Комисија за поддршката во борбата со предизвиците на кризата со КОВИД, како и да ја поздрави демонстрираната солидарност во време на пандемијата од страна на Европската Унија.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*