Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а според најавите, ќе се разговара за Општиот колективен договор и новата методологија за плати.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во понеделникот во изјава за медиумите рече дека денеска ќе заседава ЕСС и ќе се разговара за Општиот колективен договор со новата методологија.
Новата методологија за плати во јавниот сектор ќе треба да важи за сите структури во јавниот сектор.
-Системското решение ќе биде за сите. Синдикатите дојдоа до решение дека новата методологија за сите вработени во јавниот сектор треба да биде просечна плата помножена со коефициент, истата методологија која се аплицира кај избраните и именуваните лица. Ние рековме дека таа методологија ја прифаќаме и работиме на тоа системско решение. Кога тоа ќе го направиме во Општиот колективен договор, содветно ќе се аплицира во сите структури во јавниот сектор, рече Битиќи.