ВМРО-ДПМНЕ: За Богдановиќ и луѓето на Заев не важи закон, крши полициски час и кафана само за него работи, додека народ умира по болници


За Богдановиќ и луѓето на Заев не важи закон, крши полициски час и кафана само за него работи, додека народ умира по болници.


 

Богдановиќ крши полициски час. Кафана буквално работи само за него. Го служат само Богдановиќ, додека сите објекти се затворени, а народот е затворен дома. Ова е одлепеност од реалноста.

Овие слики од кои се гледа како Богдановиќ седи со друштво сам во кафана, и таа работи само за него покажуваат колку се забегани Богдановиќ и луѓето околу Заев.

Богдановиќ крши протоколи и закони, а полицијата не реагира.

Каде е Спасовски и директорот на БЈБ? Зошто МВР не оди на лице место? До кога функционери на власта ќе бидат привелигирани?

Дали Заев и Спасовски мислат дека ќе го заштитат? Нема и не можат. Очекуваме институциите да преземат мерки за санкционирање веднаш!

Додека Богдановиќ се забавува, на ден умираат по 30 тина луѓе и народ пати.

 

Со почит,

ВМРО – ДПМНЕ