ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е опериран од одговорност


Венко Филипче е опериран од одговорност. Toj треба да каже како фирмата којашто доби 7 милиони евра од министерството за здравство се појавува како коинвеститор на „Касарната“ во скопско Нерези заедно со неговата тешта, чие име стои на таблата на самиот објект.

Факт е дека Филипче го познава градителот и преку министерството на фирмата „Синерџи медикал“ и има доделено 7 милиони евра во тендери.

Филипче да не се крие зад Министерството и да престане да го злоупотребува за лични соопштенија во самоодбрана за криминогените афери и скандали, коишто се видливи за целата македонска јавност, но не гледаат само институциите на хибридниот режим.

Впрочем нема афера во здравството, а да не се спомене Венко Филипче, спомениците кои сведочат за вмешаност во криминал за коишто обвинителството сеуште молчи, како случајот со инсулинот, случајот со вакцините, случајот Рекет 2, случај реагенси за лабораториите, аферата со снабдување со лекови од татко-ќерка и којзнае уште колку криминогени нечисти зделки.

Да имаше функционални институции коишто не се под капата на хибридниот режим на Зоран Заев, досега ќе покренеа постапка по допрен глас. Очигледно Филипче сега мува не го лази што е поврзан во овој скандалозен случај, но и поврзан во низата на скандалозни тендери, јавни набавки и афери во министерството за здравство.

После 12-ти април кога правдата ќе биде ослободена од Зоран Заев, ќе дојде време на одговорност и Филипче ќе мора да одговара за сите овие скандали коишто тежат милиони.

 

           

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]