ВМРО – ДПМНЕ со реакција на обраќањето на Зоран Заев


Антиекономската влада на Заев ги лажеше граѓаните дека во Македонија ќе ги донесе Гугл, Фејсбук, Фолксваген, но од тоа не излезе ништо. Затоа после три години власт како утеха ја преставуваат денешната германска инвестиција. Како партија, која во изминатиот период работела на носење десетици странски компании да инвестираат во Македонија кои отвориле десетици илјади нови работни места, принципиелно поддржуваме политика на привлекување на странски инвестиции како германската компанија Гересхеимер. Но мораме да истакнеме дека оваа влада на Заев граѓаните очекуваа далеку повеќе.

За жал власта на Заев беше повеќе ангажирана за сомнителни тендери, доделувања на концесии на фамилијарни фирми и за Луј Витон торби со пари, отколку на привлекување на инвестиции. Заради нивната неспособност и неработење Македонија е на дното во регионот по привлекување на странски инвестиции.

Кога земјите од регионот имаат рекорден раст, Македонија со СДСМ има рекорден пад на странски инвестиции од дури 84,2% за периодот јануари – јуни во однос на ланската година. Во првите два квартала на 2019 година имаме само 48,7 милиони евра странски директни инвестиции. Република Македонија на дното со само 24 евра по глава на жител. Тоа значи во привлекувањето на инвестиции дека Бугарија е двојно подобра од Македонија, Словенија за 11 пати, додека пак Србија е 22 пати подобра од Македонија во странски директни инвестиции.

Овие бројки се поразителни и говорат за неспособноста на оваа власт на Заев. Се повеќе се зборува за одлив отколку за прилив на странски инвестиции во државата.

Оваа катастрофална политика на владата ќе заврши со изборите во април и тогаш ќе почне обновата на Македонија и ставањето на економијата на вистинските патеки на напредокот и растот.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Вести

Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. – Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но […]

Вести

Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците. Скопскиот […]

Вести

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.   Европската комисија побарала од Европската агенција за […]