ВМРО-ДПМНЕ: Не е донесен законот за Советот на јавни обвинители, не е гласано по Бадентер


ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува и Законот за Советот за јавни обвинители бидејќи при неговото донесување не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници.

Илија Димовски на прес-конференција во Собранието по неговото распуштање истакна дека законот требало да се донесе со апсолутно и Бадентерово мнозинство, но оти иако спикерот Талат Џафери најавил дека треба да се гласа по Бадентер, тоа не е реализирано.

– И самиот Џафери најави дека законот се гласа со апсолутно мнозинство и со Бадентер, но тој не го стави законот да се гласа со Бадентер со што овој закон не е донесен. Оттука упатуваме порака дека потпишувањето на закон за кој не е обезбедено мнозинство е спротивно на Уставот и законите. Апелираме до Пендаровски да одбие да го потпише. Во спротивно се останато ќе значи кршење на Уставот и законите, рече Димовски.

Појасни дека оваа нерегуларност ја забележале уште во текот на седницата, но оти чекале Собранието да се распушти и тоа да и го соопштат на јавноста.

– Прегледајте ги снимките. Сега веќе Собранието е распуштено и не може да се врати. Овој закон не е донесен. И другиот не е донесен. Секако, едниот без другиот закон не може да се импелемнтираат,  рече Димовски.


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]